• Саше Љолес

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврди дека Филип Поповски како делегат и Игор Сточевски како асистент судија, ќе учествуваат на Европското првенство до 21 година во Словачка кое се одржива од 9 до 28 јуни во Словачка.
Филип Поповски е назначен за делегат на УЕФА за натпреварите на стадионот во Трнава, што значи дека ќе го надгледува организацискиот дел, ги проверува условите и обезбедува спроведување на прописите. Поповски воедно беше и првиот Македонец кој работеше како делегат на финалниот натпревар на минатогодишното Европско првенство помеѓу Шпанија и Англија.
„Ова е признание не само за мене, туку и за македонскиот фудбал. Ангажманот доаѓа после години работа на домашни и меѓународни натпревари. Го користам моментот да ја искажам благодарноста до ФФМ и УЕФА за довербата. Наша цел е да покажеме дека имаме капацитети за уште поголеми задачи“, рече Поповски.
Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на натпреварите, со што ја продолжува успешната меѓународна кариера, a учеството на младинското Европско првенство е секако големо признание од УЕФА за неговата посветеност.