• Горан Упале
Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз ги заврши квалификациите за следното Светско првенство. На теренот на Австрија, нашите девојки одново немаа решение за разиграниот противник и загубија со убедливи 10-0 (4-0).
Сите дилеми околку победникот на натпреварот беа решени уште во првите 45. минута. Домашната селекција отвори ефикасно и преку Биља и Задрази рано поведе со 2-0. До паузата Биља одново ја совлада Панчурова, а за 4-0 се погрижи Венингер.
Во вториот дел Данст, Хобингер и Феисингер реализираа за огромни 7-0, додека до крајот на натпреварот Биља го комплетира хет-трикот, Феисингер постигна уште еден гол, а во листата на стрелците се запиша и Нашенвенг.
На нивната прва прасметка во рамки од евро-квалификациите Австрија во Скопје славеше со 0-6. Македонија квалификациите за Светското првенство ги завршува со само шест бода, и скор од осум порази и две победи.



