Македонија со четворица фудбалери во „дрим-тимот“ на Група 2 во Лига Ц

Македонија загуби на последниот меч од групната фаза во Лига Ц во рамки од Лигата на нации и пропушти да се пласира ранг погоре за наредното издание на натпреварувањето.

Неколку дена по историскиот успех и пласманот на Европското првенство 2020, македонските репрезентативци запишаа минимален пораз кај Ерменија. Тоа не спречи да играме во Лига Б, каде има далеку посилна конкуренција.

УЕФА го избра „дрим-тимот“ во лигата по шест одиграни натпревари во Групата 2. Во истиот има место за четири Македонци, меѓу кои беше голманот Шишковски, како и одбранбените фудбалери Алиоски, Зајков и Ристовски.

Двајца претставници имаа Ерменците и Естонците, а Грузија се пофали со тројца играчи во иделната постава.