Македонија против Луксембург по десет години ќе брка две победи во низа

Фудбалската репрезентација на Македонија има шанса првпат по десет години да врзе две победи во низа во женска конкуренција. Избраничките на Изов денес ќе ја дочекаат селекцијата на Луксембург во рамките на квалификациите за Светското првенството. 

Пред пет дена, Македонија со головите на Рочи, Максути и два на Андонова славеше убедливо во Летонија (1-4), па сега има шанса да го повтори „успехот“ од 2011 година. Тогаш, во слична ситуација Македонија по ред ги победи Луксембург и Летонија во првата квалификациска фаза на патот кон Европското првенство. 

Најискусните фудбалерки на Македонија се апсолутен фаворит против аутсајдерките кои во досегашната фаза немаат постигнат гол, а примија дури 19. Ниту Македонија не беше далеку подобра, но токму од дуелите со Летонија и Казахстан треба да се бараат бодовите во групата Д. 

Пресметката меѓу Македонија и Луксембург е закажана за денес со почеток од 13:30 часот и претставува вистинска шанса за ново славје за девојките на селекторот Кирил Изов.