Македонија против Летонците се загрева за „големата војна“ во Кардиф

Фудбалската репрезентација на Македонија има еден слободен термин во ноемврискиот прозорец во кој ќе одигра пријателски натпревар. Во Скопје гостува екипата на Летонија со која „рисовите“ ќе се загреваат за големиот дуел со Велс во Кардиф неколку дена подоцна.

Македонија има шанса за мундијалски бараж, а тоа ќе зависи од исходот во Велс. Постојат две опции – ако Велшаните го победат Лихтенштајн со шест или повеќе гола разлика тогаш само победата ќе биде опција за Македонија заради полошата гол-разлика, а во секој друг случај, опција е и ремито на Островот.

Летонија ќе биде загревање за овој меч на островско тло, а селекторот Благоја Млевски веќе ги соопшти адутите на кои ќе смета во месец ноември. Нема измени во составот од претходно, Македонија ќе напаѓа со исти сили. Без новитети, но со мал проблем. Во екипата ќе го нема Езџан Алиоски од Лугано. Левиот бек кој е стандарден првотимец на Македонија се повреди за време на клупските обврски и нема да може да биде дел од националниот тим.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Македонија - Летонија

Летонците се далеку од мерило за квалитет на еден тим, затоа што во последните десет меча имаат само една победа, над Андора со минимални 1-0. Останатите девет дуели кога ќе се погледне скорот е седум порази и три ремија, со длабок минус во гол-разликата. И традицијата е на страната на Македонија, затоа што досега двата тима имаат пет меча, а пет победи имаат „рисовите“.

Последниот меѓусебен дуел на Македонија и Летонија датира од 2024 година, кога Македонија победи со 1-0 во Скопје во Лигата на нациите. Тогаш во Рига беше 3-0. Претходните дуели се 2-0 и 3-1 во 2019 година, како и во 2014 година на пријателски меч во Скопје кој заврши 2-1. И на овој натпревар очекуваме победа на Македонија, со повеќе голови за да се крене самодовербата пред гостувањето кај Велс во битката за второ место во групата од квалификациите за СП 2026 и полесен ривал на хартија во баражот.