Македонија против Израел, Фарски Острови и Андора во ЛН

На денешната ждрепка во Нион, женската А репрезентација на Македонија ги доби противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. Нашата селекција ќе се натпреварува во Лига Ц, каде за противници ги доби репрезентациите на Израел, Фарските Острови и Андора.

Во Лига Ц се натпреваруваат репрезентациите кои според пласманот во квалификациите за Светското првенство 2027 се најдоа во третиот ранг на европскиот репрезентативен фудбал. Победниците на шесте групи во Лига Ц обезбедуваат директен пласман во Лига Б, додека двете најдоброрангирани второпласирани репрезентации ќе добијат можност преку бараж да се борат за промоција во повисок ранг.

Израел и Фарски Острови се селекции против кои ќе играме за првпат, додека со Андора имаме официјални натпревари. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во три термини: од 23 февруари до 6 март, од 13 до 24 април и од 7 до 15 јуни 2027 година.