ВИДЕО: Македонија повторно „бледа“, Шкотска минимално води по првиот дел во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија губи со 0-1 по првите 45 минути во дуелот со Шкотска од третото коло на Лигата на нациите. Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ се одигра пред скромна бројка на публика од неколку илјади, а нашите репрезентативци повторно завршија полувреме без шут во рамките на голот.

Алиоски не успеа целосно да заздрави и остана на трибините, додека Гоце Седлоски за овој дуел се реши за промена на формацијата. Македонија ќе настапи со формација „3-4-2-1“, а најистурен во нападот ќе биде Бојан Миовски, додека во одбраната одново шанса добија Младеновски и Мелиќи.

Првиот наш обид дојде со пробив по левата страна на Ељиф Елмас, но неговото уфрлување дојде само до рацете на голманот Ган. На спротивната страна гостите поведоа практично од првата шанса уште во шестата минута. Стрелец на голот беше Киерно Боуви кој доби топка низ средината од Били Гилмур, добро си ја намести на лева нога и „потегна“ од преку 20 метри, испраќајќи ја топката во малата мрежа за 0-1. Продолжија Шкотланѓаните со подобрата игра, па следуваа шанси на Енди Робертсон и Бен Ганон-Гоак кои завршија крај голот на Димитриевски.

Нашата најголема шанса ја имаше Бојан Илиевски кој истрча контра, влезе во шеснаесетникот, неговиот удар не ја погоди рамката од голот, ама беше опомена за гостите. Очигледно селекторот Седлоски не беше задоволен од она што го гледа и по само половина час се реши за дури две замени. Од игра излегоа Себастијан Херера и Лука Станковски, а ги заменија Ѓорѓе Џеков кој дебитираше и Јани Атанасов. Гостинот се закани уште еднаш посериозно, од далечина биеше Доак, но Столе Димитриевски со парада фати „жива“ топка. До крајот на полувремето темпото на игра опадна, а Македонија повторно не креираше посериозна можност пред гостинскиот гол.

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1