ФОТО: Македонија пак на едно место, започнува „мисијата“ како против Велс!

Фудбалската селекција на Македонија одново пријатно ја изненади фудбалска јавност и вторпат во низа е меѓу најдобрите репрезентации во мундијалските квалификации. Момците на Благоја Милевски во Кардиф против Велс го играат клучниот натпревар од квалификациската група, а евентуален поволен резултат од оваа средба ќе ни донесе условно речено полесен противник во баражот за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Фудбалерите денеска им се приклучија на стручниот штаб во Скопје и заедно ја започнуваат најважната мисија во овие квалификации. Милевски се реши за проверени сили, но голем хендикеп ќе биде неиграњето на Алиоски, кој е повреден. 

Македонија ќе има мини-подготовки во главниот град, а в четврток на 13 ноември е закажан и пријателски натпревар со Летонија кој ќе биде генерална проба. 

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија