• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Англија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2024 година, а „Гордиот Aлбион“ веќе го објави планот за следната година.
Англичаните ги одредија стадионите на кои ќе ги играат натпреварите кои им следат. Меѓу нив е и дуелот со Македонија, кој е закажан на 19 јуни во 2023 година.
Ова ќе биде третата пресметка на двата тима на англиско тло. Досега, Македонија во двата наврати беше непоразена. Прво во 2002 година на „Сент Мери“ (2-2), потоа во 2006 година на „Олд Трафорд (0-0).