Македонија отвора и затвора на свој терен – еве го распоредот во Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги дозна своите ривали за претстојната сезона во Лигата на нации. За првпат ќе настапуваме во Дивизијата Б, каде во групата ќе се соочиме со селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Денес беше утврден и распоредот на натпреварите од групната фаза, кои ќе се одиграат во два квалификациски прозорци. Во првиот период се предвидени дури четири средби во рок од две недели, додека во вториот прозорец ќе се играат преостанатите две кола. Првиот натпревар го играме дома против Швајцарија, додека групната фаза ќе ја затвориме со Словенија, исто така на домашен терен.

Распоредот на натпреварите на Македонија во Лигата на нации:
26.09.2026 сабота 20:45 Македонија – Швајцарија
29.09.2026 вторник 20:45 Словенија – Македонија
03.10.2026 сабота 20:45 Македонија – Шкотска
06.10.2026 вторник 20:45 Швајцарија – Македонија
13.11.2026 петок 20:45 Шкотска – Македонија
16.11.2026 понеделник 20:45 Македонија – Словенија