Македонија остана на истата позиција на најновата ФИФА-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија немаше промени на најновата ФИФА-листа која е објавена во месец септември.

Нашиот национален тим по двете средби со Фарски Острови и Ерменија остана на 72. место на рангирањето во светскиот поредок. Се наоѓаме во друштво на селекциите на Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, БиХ, Бахреин, Хондурас, Оман, Израел...

Нема промени и меѓу најдобрите во светот. Аргентина е лидер на ФИФА-листата, пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Во најдобрите 20 светски селекции, Јапонија напредува на 16 место, а САД падна на 18 место. Иран е деветнаесетти со напредок од една позиција, додека слична е ситуацијата со Данска која е дваесетта.