Македонија ослабена патува за Луцерн, Атанасов нема да игра против Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација остана без Јани Атанасов за последниот натпревар од овој репрезентативен циклус во Лигата на нации.

Играчот за врска заработи жолт картон на вечерашниот натпревар со Шкотска, што беше негов втор во актуелната кампања. Претходно Атанасов беше опоменат и на дуелот со Словенија, па поради акумулација на картони ќе мора да паузира на следниот натпревар.

Така, Атанасов предвреме го заврши престојот со националниот тим и нема да биде во комбинација за гостувањето кај Швајцарија.

Македонија следниот натпревар во Лигата на нации го игра против Швајцарија во Луцерн, каде што ќе се обиде да стигне до првите бодови во групата 1.