• Горан Упале
Следното Светско првенство ќе се игра во 2026 година во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико. Квалификациите ќе се играат од март до ноември 2025 година, а тоа ќе бидат и следните квалификации за нашата репрезентација. Форматот е променет, а во моментов постои можност да се извлече балканска „група на смртта“.
По завршувањето на Европското првенство, кое е закажано за јуни и јули следната година, следуваат три репрезентативни паузи (септември, октомври и ноември), во кои ќе се играат натпреварите од новата сезона во Лигата на нации. Потоа, во март, јуни, септември, октомври и ноември 2025 година ќе се играат квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико. Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации. Европа наместо досегашните тринаесет ќе испрати шеснаесет репрезентации, а променет е и квалификацискиот формат.
Имено, ќе бидат извлечени вкупно дванаесет квалификациски групи. Во шест групи ќе има по пет селекции, а во останатите шест по четири. Победникот од секоја група директно ќе се пласира на Светското првенство, додека четирите најдобри од групата во Лигата на нации кои не обезбедиле плеј-офот во квалификациите и дванаесетте второпласирани селекции ќе играат плеј-оф. Ќе бидат поделени на четири патеки (А, Б, Ц и Д), ќе се играат полуфинални и финални дуели, а со тоа ќе се добијат преостанатите четири патници од Европа за Мундијалот.
How the pots for WC 2026 qualifiers would look like if Nov 2023 FIFA ranking was used.
Pot 1:
Pot 2:
Pot 3:
Pot 4:
Pot 5:Only group winners qualify directly.
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 23, 2023
Јасно е дека шеширите се одредуваат врз основа на рангирањето на ФИФА. Ждрепката е закажана за ноември следната година, а доколку ждрепката би се вршела сега, Македонија би била во третиот шешир.
Од репрезентациите од регионот на поранешна Југославија, во првата група би била само Хрватска. Во втората е Србија, додека во третата, веднаш до Македонија, се селекциите на Словенија, БиХ и Црна Гора.