• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги добие ривалите во новата сезона од Лигата на нациите на УЕФА.
Поради фактот дека нашиот национален тим заврши само пред Гибралтар во последното издание на Лигата на нации има и потешки ривали. Македонија се најде во третиот шешир во Групата Ц, во друштво на Фарски Острови, Словачка и Северна Ирска.
Можни ривали на Македонија се Романија, Шведска, Ерменија и Русија (шешир 1), во вториот шешир се наоѓаат Луксембург, Азербејџан, Косово и Бугарија, додека од последниот ќе дојдат Гибралтар/Кипар, Литванија/Белорусија, Естонија или Летонија.
Ждрепката за новата сезона во Лигата на нациите е на 8 февруари.