• Мартин Танасковски

Се појавија шпекулации за промена на капитенската лента во националниот тим откако Енис Барди не беше стартер против Словенија, а како капитен беше најавен голманот Столе Димитриевски, но селекторот Гоце Седлоски ги расчисти сите дилеми на таа тема.
Пред натпреварот против Шкотска, на прес-конференцијата, Гоце Седлоски децидно соопшти дека Енис Барди е се уште капитен и лидер на екипата и дека тоа нешто не се менува, дури и што бил изоставен од првиот состав заради тактички замисли.
Енис Барди и понатаму ќе остане лидер на Македонија, а капитенската лента ја презеде по заминувањето на Стефан Ристовски од тимот, по поразот од Англија на „Олд Трафорд“.







