Македонија на култниот „Паркен“ ќе го игра баражот против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ѝ гостува на Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП), а веќе е одреден и стадионот домаќин на овој меч.

Мечот ќе се игра на култниот „Паркен“ во Копенхаген, кој има капацитет од 38.065 навивачи. Данците веќе почнаа со информации за билети за овој меч, а се очекуваат тие да бидат во продажба во месец февруари.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март од 20.45 часот, додека финалистот ќе се соочи против победникот од средбата меѓу Ирска и Чешка пет дена подоцна во истиот термин.

Ќе има и меч на поразените за престиж, меѓу двете селекции кои ќе го загубат полуфиналниот бараж за да се пополни терминот.