Македонија на големо потценета, против Италија е невиден аутсајдер!

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе мора по пеколен пат да го бара патот до Светското првенство (СП) кое се игра во 2022 година во Катар. Во историскиот бараж нашите фудбалери ќе играат со Италија, а потоа следи можен дуел со моќната Португалија.

По ждрепката, букмејкерите ги објавија коефициентите за натпреварите во баражот. Македонија ќе игра во групата „Ц“, а во полуфиналето со Италија е невиден аутсајдер. Вакво потценување нашите фудбалери доживеаја против Германија, па ги демантираа букмејкерите.

Колку за илустрација на инфериорната улога, според букмејкерите, коефициентот за победа на Македонија е 12,5, додека за Италија е 1,23. Натпреварот се игра на 24 март со почеток од 20:45 часот на гостински терен.

  • Сите квоти за натпреварот меѓу Италија и Македонија: