Македонија мора да внимава: Ново правило на ЕП кое може да донесе – пораз!?

Британските медиуми објавија вест за промена на правилата на Европското првенство (ЕП) кое ова лето ќе се игра во повеќе земји и репрезентациите ќе мора да бидат многу внимателни кога се говори за коронавирусот.

Се наведува дека во случај некој репрезентативец да биде заразен со коронавирус, натпреварот кој треба да го игра репрезентацијата од која заразениот доаѓа ќе се пролонгира за 48 часа.

Националниот тим потоа ќе мора да игра, ако има на располагање 13 здрави играчи. Доколку нема можност тимот да го игра натпреварот, тогаш ќе го загуби со службени 0-3. 

Исто така, се најавува уште едно ново правило, кое гласи дека судиите кои ќе бидат дел од ЕП 2020 ќе може да им судат на репрезентациите од земјите од кои доаѓаат, но само ако делегираните судии не можат да судат, а тие се единствените на располагање.

Претходно, УЕФА потврди дека ростерите ќе може да бидат пошироки на ЕП 2020 и сите учесници ќе може да имаат по 26 играчи во ростерите.