• Горан Упале
Македонската фудбалска репрезентација според актуелната проекција се наоѓа во третиот шешир пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2028 година.
Ждрепката ќе се одржи на шести декември во Белфаст, а квалификациите ќе започнат во март 2027 година. Според новиот формат, репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи со по четири или пет селекции.
Актуелната проекција сè уште не е конечна и може да претрпи промени по завршувањето на групната фаза во Лигата на нации во ноември. Токму настапите во Лигата на нации ќе имаат значајно влијание врз конечниот распоред по шешири.
Од вториот шешир, во кој моментално се наоѓаат селекции како Србија, Косово, Турција, Украина, Швајцарија, Шведска, Полска, Австрија, Велс, Унгарија, Северна Ирска и Шкотска, Македонија би можела да добие исклучително квалитетен противник.
Northern Ireland replace Hungary in projected Pot 2 for EURO 2028 qualifiers. pic.twitter.com/CJETQGluxo
— Football Meets Data (@fmeetsdata) September 25, 2026
За разлика од претходните квалификациски циклуси, првопласираните во групите директно ќе обезбедат пласман на ЕП 2028, додека дел од второпласираните ќе можат да стигнат до завршницата преку директен пласман или бараж.
Македонија со пораз ја отвори сезоната во Лигата на нации, откако во Скопје беше поразена од Швајцарија со 0-3. Во вторник право на поправен ќе има на гостувањето кај Словенија.

