Македонија – Косово сега ептен „виси“: ФИФА пак ѝ зададе удар на УЕФА!

Се поочигледно е дека дуелот меѓу Македонија и Косово нема да се игра, затоа што Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе ново правило поради коронавирусот и ѝ зададе нов удар на УЕФА, која по секоја цена инситираше баражите да се играат.

Имено, Советот на ФИФА на последната седница донесе правило со кое застана зад клубовите и играчите. Следејќи ја ситуацијата од ФИФА соопштија дека клубовите нема да мораат да ги пуштаат играчите да играат за репрезентациите во март и април.

Претходно ако играч не се јавеше да игра за националниот тим мораше да има оправдание, но, сега, ако не сака да игра, или ако клубот не го пушти, нема да мора да се јавува за причината.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово е закажан на 26 март без публика во Скопје, но, се поочигледно е дека УЕФА ќе го одложи настанот.