• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра две нерешени средби во рамките на октомврискиот прозорец на ФИФА. Ако првото реми во Гент против Белгија беше херојско, ова во Скопје против Казахстан важи за разочарување.
Со овие резултати Македонија ќе доживее пад на новата ФИФА ранг-листа која ќе биде потврдена на 22 октомври. Новиот ранкинг на нашата најискусна репрезентација ќе биде веројатно на 66. позиција, односно три места подолу од последното рангирање.
Македонија доби 7,34 поени по ремито со Белгија, но потоа загуби 5,24 против Казахстан за финален плус од 2,11 поени на рангирањето.
Можеби ќе паднеме и дополнителна позиција, но само ако Јордан ја изненади Албанија во пријателскиот натпревар вечерва.


