• Мартин Танасковски
Женската фудбалска Лига на шампиони влегува во самиот финиш, а на еден од полуфиналните натпревари, Македонија ќе има свој претставник меѓу официјалните лица.
Поточно, ќе имаме делегат. Во второто полуфинале играат Барселона и Челзи, а делегат на натпреварот ќе биде Александра Пејковска.
Натпреварот меѓу Барселона и Челзи се игра во недела од 18:00 часот на стадионот „Јохан Крујф“. Во второто полуфинале играат Арсенал и Лион (сабота, 13:30).