Македонија ќе игра две пријателски во ноември со европски селекции

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го искористи слободниот термин во ноември пред Светското првенство (СП) во Катар и ќе одигра две пријателски натпревари за да ја темпира формата за следните предизвици.

Во ноемврискиот циклус ќе се одиграат два меча. Противниците ќе бидат европски, ФФМ веќе ги завршува последните детали и имињата на ривалите ќе бидат познати на стартот на следната седмица, кога ќе се има и дефинитивна потврда од противниците.

Селекторот Благоја Милевски ќе го искористи овој прозорец за две квалитетни средби. Исто така ќе се има и еден контролен дуел против Саудиска Арабија во Абу Даби, но тој ќе биде со играчи од домашното првенство и ќе се одржи во октомври.

Датумите на пријателските натпревари се предвидени да бидат 17 и 20 ноември.