Македонија ќе биде домаќин на Светско фудбалско првенство во непризнаени држави

Нашиот најголем фудбалски стадион „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на следното Светско фудбалско првенство на непризнаени држави, денес објавија од КОНИФА (CONIFA). 

КОНИФА е Конфедерација на независните фудбалски асоцијации, сочинета од држави кои не се членки ниту на Обединетите на Нации, ниту пак на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Овој Мундијал ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни. 

Така на пример во Скопје би можеле да гостува фудбалската репрезентација на Тибет, Западна Захара, Хаваи, Јужна Осетија, Транстнистрија и уште голем број на вакви спорни територии ширум светот. 

Светското првенство во Скопје ќе биде четврто во низа на КОНИФА, откако првпат се одигра пред пет години. Ждрепката за овој собир е закажана за крајот на јануари, кога ќе бидат познати сите учесници.