Македонија ја отвора групата во Лигата на нации во Торшавн

Македонската репрезентација новото издание на Лига на нации ќе го започне на 7 септември со гостување во Торвашн во Фарски Острови. Три дена подоцна е нашиот прв домашен натпревар против Ерменија

Нашата национална селекција доби ривали против кои има позитивен скор и реални се надежите за пласман во четвртфиналето на Лига Ц на Лигата на нации.

Распоред на натпревари на македонската репрезентација: 
7 септември 2024 (15:00 часот): Фарски Острови - Македонија
10 септември 2024 (20:45 часот): Македонија - Ерменија
10 октомври 2024 (20:45 часот): Летонија - Македонија
13 октомври 2024 (18:00 часот): Ерменија - Македонија
14 ноември 2024 (20:45 часот): Македонија - Летонија
17 ноември 2024 (15:00 часот): Македонија - Фарски Острови 

Две од четирите селекции во групата ќе се пласираат во четвртфиналето, кое за првпат се воведува во Лигата на нации. Само победникот во групата ќе добие промоција во Лига Б на Лигата на нации.