Македонија ја доби можната група: На ЕП 2020 со Холандија, Украина и Австрија!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја доби можната група ако се пласира на Европското првенство (ЕП) кое во 2020 година за првпат во историјата ќе се игра во повеќе земји.

Нашиот национален тим ако се пласира преку плеј-офот од Лигата на нациите ќе игра во групата „Ц“, каде чекаат натпревари со Холандија, Украина и Австрија.

>>> ЦЕЛОСНАТА ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2020

Македонија првата плејоф-пречка ќе ја има во март, во полуфинален меч со Косово, а победникот од овој дуел за ЕП 2020 ќе игра со Грузија или Белорусија.

На ЕП 2020 секоја група ќе има два града-домаќини. Мечевите во групата на Македонија ќе бидат играни во Амстердам и Букурешт.

Но, може да дојде и до промена на ситуацијата, ако Романија се пласира на ЕП 2020. Тогаш, Македонија би играла во најпеколната група на европскиот собир...