• Горан Упале
По успешната сезона во Лигата Ц од Лигата на нации, македонската фудбалска селекција се сели еден ранг погоре и ќе се натпреварува во Б сегментот од ова натпреварување.
Тоа значи дека ја очекуваат посериозни натпревари, а со оглед на објавените шешири, Македонија ќе се натпреварува во квалитетна група. Нашата селекција ждрепката за новата сезона во Лигата на нации, која треба да се одржи на почетокот на следната година, ќе ја пречека од четвртиот, последен шешир, каде уште се и репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово.
Можни противници од првиот шешир ни се Шкотска, Унгарија, Полска или Израел. Од вториот се Швајцарија, БиХ, Австрија и Украина, а од третиот Словенија, Грузија, Ирска и Романија.
И новата сезона во Лигата на нации носи место на големо натпреварување, во случајот Европското првенство во 2028 година. Најдобрите селекции од секоја група ќе играат бараж, доколку тоа не го сторат преку евро-квалификациите.


