ВИДЕО: Македонија израмнува! Минијатура на Алиоски за молк на стадионот во Скадар

гол на Алиоски против Албанија

Македонија израмнува во Скадар со прекрасниот гол на Алиоски, кој одлично ја искористи грешката на Кукели (1-1). Нашите репрезентативци подобро заиграа по примениот гол, а наградата стигна на стартот од вториот дел, кога македонскиот напаѓач ја искористи својата брзина и со прекрасен удар го совлада противничкиот голман.

Сега психолошката предност е на страна на македонската репрезентација, а остануваат уште цели 35 минути за уште подобар резултат.