Македонија има лоша традиција против Полска, без победа на три средби

Македонија и Полска ќе се сретнат на Арената „Тодор Проески“ во рамки од 3. коло на квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Игор Ангеловски и неговите фудбалери се подготвуваат да му се спротистават на најголемиот фаворит во групата Г. Традицијата не ветува позитивен резултат за нашиот национален тим.

Досега, овие две репрезентации се сретнале три пати и сите натпревари се одиграле на неутрални терени. Полјаците се радувале двапати, а еден меч завршил без победник. Гол-разликата е 8-2 во корист на полската селекција.

Меѓусебни средби на Македонија и Полска:

  • Полска - Македонија 3-0 (Сплит, Хрватска) 02.14.2003
  • Македонија - Полска 1-1 (Рутлинген, Германија) 26.05.2008
  • Полска - Македонија 4-1 (Кунду, Турција) 14.12.2012

Натпреварот се игра в петок со почеток од 20:45 часот. Македонија по првите две кола има четири бода и е на делба на втората позиција со Израел.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 8 3 2 3 15:15 0 11
6 ЛетонијаЛетонија 8 0 0 8 2:27 -25 0