• Зоран Мишевски
Младиот македонски интернационалец Никола Ѓорѓев, кој има само 18 години, најнапред асистираше за 3-2 кога погоди Кајо, а веднаш потоа донесе и 3-3 со прекрасен гол за неговиот Грасхоперс. Во трилер меч на Кипар, токму Ѓорѓев со овие два потега на „штурците“ им донесе пласман во плеј-офот на Лига Европа.
Иако влезе од клупата, Ѓорѓев беше играч на натпреварот, а тоа не му е првпат, бидејќи и во второто коло 18-годишниот Македонец го извлече Грасхоперс од проблемите.