Македонија и Косово имаат термин, ќе го играат баражот во јуни!

Македонија и Косово се во историска борба за пласман на Европското првенство, а бараж натпреварот за континенталниот собир се одложи поради коронавирусот кој владее во Европа.

УЕФА на итен состанок одреди да го помести ЕП во 2021 година, па така, се поместуваат сите останати активности. Косовскиот олимписки комитет објави дека дуелот меѓу Македонија и Косово ќе се игра во првиот слободен термин, а тоа е месец јуни.

Датумот на мечот кој се споменува е 2 јуни, 2020 година, додека финалето ќе се игра на 6 јуни.

Но, не може ништо да се гарантира, затоа што се ќе зависи од коронавирусот и неговата ситуација во Европа. Целата ситуација ќе ја прати комитетот на УЕФА.

Македонија и Косово обезбедија влез во Лигата Ц, а победникот од овој дуел ќе игра со Грузија или Белорусија за пласман на сега ЕП 2021.