Македонија губи уште еден талент? Рустемоски со четири гола за Грасхоперс

Амел Рустемоски, фудбалерот кој настапува за швајцарски Грасхоперс, е уште еден од играчите кои Македонија може да го загуби, односно тој да се реши да игра за друг национален тим, поради добрата форма која ја прикажува во тимот.

Рустемоски, кој е роден 2000 година е роден во Швајцарија, но има потекло од Македонија. Игра во одлична форма, а доказ за тоа се четирите гола за У21-тимот на Грасхоперс, во натпреварот против врсниците од Луцерн кој заврши со резултат 6-6 (2-1).

Младиот играч игра како офанзивен играч за врска, а веќе претходно беше во фокусот на селекторот Игор Ангеловски. Тој му врачи повик за еден од сениорските мечеви, но Рустемоски тогаш не беше дел од националниот тим.

Моментално, Рустемоски е дел од У20 тимот на Швајцарија, за кого дебитираше во септември, но нема да е чудо ако наскоро тргне ранг погоре. На потег е раководството на ФФМ, да се обиде да го убеди да игра за Македонија, затоа што може и тој да зачекори по стапките на Дејан Кулушевски и Никола Секулов кои пред извесен период ги облекоа дресовите на Шведска, односно Италија.

Досега, Рустемоски за Македонија има настапи за У17 и У16-тимовите. За У21-тимот на Грасхоперс тој има постигнато девет гола во новата сезона.