Македонија го загуби големиот талент, Кулушевски доби повик за Шведска

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го загуби Дејан Кулушевски и шансите тој да игра за нашиот национален тим, затоа што играчот на Парма доби повик да игра за сениорскиот тим на Шведска.

Кулушевски, кој има 19 години, е роден во Стокхолм, а во минатото играше само за У17-тимот на Македонија. Во кариерата, тој тргна во Бромапојкарна, а покрај за Парма, во Италија играше и за Аталанта.

Сега, по младинците на „трите круни“, ќе добие шанса да игра и за сениорскиот тим на скандинавската селекција, со што официјално шансите тој да игра за Македонија се готови.

Младиот играч кој настапува во средниот ред двапати имал средба со Игор Ангеловски, селекторот на А-тимот на Македонија, но децидно ставил до знаење дека сака да игра само за Швеѓаните.

Кулушевски се очекува да дебитира за Шведска во евроквалификациите.

Европско првенство, Квалификации, Група F
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШпанијаШпанија 9 7 2 0 26:5 21 23
2 ШведскаШведска 9 5 3 1 20:9 11 18
3 НорвешкаНорвешка 1 10 4 5 1 19:11 8 17
4 РоманијаРоманија 1 9 4 2 3 17:10 7 14
5 Фарски ОстровиФарски Острови 9 1 0 8 4:27 -23 3
6 МалтаМалта 10 1 0 9 3:27 -24 3