• Иван Димовски

Македонија Ѓорче Петров очигледно се наоѓа во големи проблеми, а најголем доказ за тоа е составот во дуелот против Шкендија. Како шеф на стручниот штаб фигурира Боби Стојкоски, а тренер е уште Мартин Христов. Покрај тоа, во тимот има само младинци и двајца странци.
Освен Кабаркас и Еступињан, нема ниту еден првотимец во тимот на „лавовите“.
- Составите за денешниот натпревар во Тетово:
И покрај тоа што на теренот истрчаа младинците на Македонија Ѓорче Петров, сепак младите „лавови“ успеаја да постигнат гол во Тетово. Стрелец беше младиот Аљман Етеми кој во 20. минута намали на 2-1.
Вреди да се напомене дека и младиот голман Дарко Јовчев му одбрани пенал на Фитон Адеми пет минути подоцна.







