Македонија ЃП во финишот се спаси од пораз на тестот со Дрита

Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров под полна пареа се подготвува за предизвиците во следната сезона, кои започнуваат со натпревари на меѓународна сцена.

По стандардните тренинзи за физичка спремност, „лавовите“ денес го одиграа првиот контролен натпревар во рамки од летните подготовки. Во Кичево, избраниците на Муарем Бајрами за противник го имаа косовскиот прволигаш Дрита во натпревар во кој паднаа вкупно четири гола, ама победник немаше.

Македонија Ѓорче Петров прва се радуваше на погодок, откако резултатот го отвори уште во 20. минута, но Беса за само шест минути постигна два гола и на полувреме замина со предност од 1-2. Овој резултат долго време беше активен, односно до 84. минута, кога македонскиот тим погоди за конечни 2-2.

Следен противник на освојувачот на Купот на Македонија во подготовките ќе биде тимот на Лапи. Македонија ЃП во 21 јули го игра првиот дуел против ЦСКА Софија од второто коло од квалификациите во Конверенциската лига.