Македонија ЃП се раздели со Иранецот Амирхосен Хајиага

Екипата на Македонија Ѓорче Петров се раздели со еден од голманите. Иранецот Амирхосен Хаијага си заминува од клубот и ќе бара нова средина.

Момчето кое има 21 година и го имаше епитетот на младински репрезентативец на својата земја дојде од таборот на Персеполис. Сепак, не доби голема минутажа пред првотимецот Стефковски и реши да си бара нова средина. 

Во редовите на Македонија ЃП, Иранецот претходно пристигна како замена за Дамјан Серафимов кој замина во Охрид.