ВИДЕО: Македонија ЃП покажа сила со Шкупи и победи по осум меча

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога, дома го победи Шкупи (3-0) и ја прекина негативната низа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која осум меча немаше победа.

  • Извештај од натпреварот:

„Лавовите“ беа во криза, но оваа пролет ја започнаа со реми кај Брера Струмица. Победата над фенерџијата добро ќе дојде за тимот кого го чека борба за опстанок каде конкуренцијата е голема. Шкупи, пак, останува без победа и по 18 кола и шансите да се спаси од испаѓање се скоро и невозможни.

Што се однесува до мечот, Македонија ЃП брзо си ја реши задачата. Прво во 11. минута Хамзиќ Малик го постигна првиот гол за 1-0 во 11. минута, а потоа следеше погодок и на Колумбиецот Гереро, кој го лобува противничкиот голман за 2-0 по една убава акција. Третиот гол во Ѓорче Петров беше најубавиот, кога во 29. минута младиот Софијаноски погоди со силен шут од дваесетина метри.

Немаше голови во продолжението, а во вториот дел шанси да погодат имаа нововлезените Галевски и Лазаревиќ, но голманот Мељачи ги спречи во намерата, исто беше и со Еступијан кој не реализира од пет метри пред самиот финиш. Имаше и поништен гол по акција на Колумбијците Гереро и Еступијан, затоа што стрелецот беше во офсајд по проигрувањето.

Овој триумф над Шкупи беше и првенец за новиот тренер Боби Божиновски. Македонија ЃП во следната победа ќе игра дома со Тиквеш, додека Шкупи го пречекува Арсими.