Македонија ЃП остана без тренер, Таневски си поднесе оставка

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров ќе мора да бара нов тренер затоа што Александар Таневски, предводникот на „лавовите“, реши да си поднесе неотповиклива оставка.

Одлуката доаѓа непосредно по натпреварот со Борец во Велес кој заврши без победник (1-1). Таневски вели дека чувствува морална одговорност да го повлече потегот, затоа што клубот се наоѓа во неприфатлива ситуација.

„Како тренер и спортска личност каква ме познаваат луѓето поврзани со фудбалот чувствувам морална одговорност за според мене неприфатливата моментална ситуација во која се наоѓа Македонија ЃП, таа не се совпаѓа со моите лични и амбициите на клубот. Поднесов неотповиклива оставка . Работев, посветено, искрено и чесно, секогаш подготвен за одговорност за сопствените дела. Сакам да се заблагодарам за довербата и условите за работа кои ми беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресврт кон нови успеси кои клуб како Македонија ЃП ги заслужува“, изјави Таневски.

Македонија ЃП се наоѓа на четвртото место во ПМФЛ со 18 бода, во една од најизаднечените сезони во последната деценија.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11