Македонија ЃП: Оштетени сме, судиската организација треба да ги отвори очите

Судиските одлуки и овој викенд беа под лупа во Првата фудбалска лига. Најгласни во протестите беа челниците на Македонија Ѓорче Петров, кои жестоко реагираа на арбитражата на Дејан Неделковски и неговите помошници.

Со изјава на спортскиот директор, Нестор Матевски, „лавовите“ го кренаа гласот кон наделжните. 

„Делители на правдата како Дејан Неделковски не заслужуваат знак на ФИФА, ако не може да види два офсајди по кои се постигнати два гола и тоа на штета на еден ист клуб. Ако немаше намера да нè оштети, тогаш е јасно дека нема капацитет за ваков дерби натпревар.

Ниту еден судија нема да нè спречи во намерата да избориме излез во Европа ова лето. Единствено што бараме е судиската организација да ги отвори очите и да ги санкционира судиите кои грешат, бидејќи и на други натпревари бевме оштетени сезонава заради судиските грешки“, изјави спортскиот директор, Нестор Матевски.

  • Потенцијален офсајд на Станковски:

На пет кола до крајот на ПМФЛ, Македонија Ѓорче Петров е најблиску до третото место и пласман во евро-куповите во сезоната 2021/22.