Македонија ЃП ќе игра со Локомотива во слободниот термин

Македонија Ѓорче Петров ќе биде слободна во првото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) поради откажувањето на Ренова, а овој термин ќе се искористи за пријателски натпревар.

„Лавовите“ имаа меч со тетовчани во првата рунда, ама тие нема да играат поради финансиски проблеми и се повлекоа од сите сениорски натпреварувања за актуелната сезона. Така, ќе следи пријателски меч за Македонија ЃП против Локомотива.

Пријателскиот натпревар се игра на стадионот во Ѓорче Петров. Терминот е недела од 17:30 часот.