• Мартин Танасковски

Ристо Јанков ќе ја продолжи кариерата во повратникот во елитата Македонија Ѓорче Петров. 26-годишниот голман се очекува да биде солидно засилување за „лавовите“ кои се вратија во ПМФЛ по една сезона меѓу второлигашите.
Во редовите на Македонија ЃП голманот доаѓа по една полусезона во Шкендија. Јанков се радуваше на шампионскиот трофеј со тетовчани, чиј член беше од јануари.
Првата полусезона голманот ја мина во Тиквеш, а вкупно оваа сезона забележа 12 настапи во ПМФЛ и четири во Купот на Македонија. Во минатото Ристо Јанков преку Работнички се етаблира во еден од најдобрите млади голмани во мак-фудбалот.
Добрите партии му донесоа трансфер во Каспиј, потоа беше дел и од романска Политехника, а во 2024 се врати во Брегалница и настапуваше уште за Тиквеш и Шкендија.

