• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Мартин Талаков ја напушти Словачка и официјално се врати да игра во Првата македонска фудбалска лига.
22-годишниот велешанец беше во словачки Похорние од 2021 година. Покрај за Похроние, играше и за Подбрезова и Жилина Б. Но, повторно се враќа во мак-фудбалот, каде постигна договор со новиот прволигаш Македонија ЃП.
Талаков настапуваше и за Брера Струмица и Борец, со кои играше во ПМФЛ. Во најдобриот македонски шампионат, играчот има 18 настапи.








