• Мартин Танасковски

Македонија Ѓорче Петров останува без еден од клучните фудбалери. Сефер Емини обезбеди интернационален трансфер и заминува во Данска.
22-годишниот играч за врска се договори со Сондерјиске. Трансферот стапува на сила веднаш и Емини ќе ја има втората интернационална авантура, по онаа во Русија каде настапуваше за Акрон Тољати.
Емини се врати во Македонија ЃП во зимскиот преоден рок. На овој играч матичен клуб му е токму овој од Ѓорче Петров. Затоа, соиграчите, управата и стручниот штаб му приредија достојно збогување.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.
Сефер Емини наскоро лета за Данска каде ќе се официјализира неговата соработка со Сондерјиске. Токму овој играч беше стрелец на два од головите во победата над Победа.

