Македонија ЃП го ангажира младиот Дошев од Вардар

Управата на второлигашот Македонија ЃП се пофали со ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Во Ѓорче Петров пристигна младиот Ѓорѓи Дошев, кој настапуваше за У18 репрезентацијата на Македонија и е роден во 2005 година. 

Дошев има само 19 години и настапува во средниот ред, а стручниот штаб од него очекува да биде солидно засилување за тимот. 

Дошев беше играч на Вардар од сезоната 2022/23, а во дресот на „црвено-црните“ одигра 23 натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.