• Мартин Танасковски

Откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го поништи резултатот од дуелот Кожуф - Башкими, има промени на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) на коло пред крајот.
>>> Поништен скандалозниот меч Башкими – Кожуф, седум луѓе на дисциплинска!
Бодовите од мечот се поништени, така што Башкими губи три бода од своето конто. Тимот сега падна на третата позиција со 60 бода, а пред него е Арсими кој е пред историска промоција и има 62 освоени бода. Во последното коло, Арсими гостува кај Вардар Неготино.
Лидерот Македонија ЃП, пак, официјално е нов прволигаш. За третата позиција која води во бараж за ПМФЛ, Башкими и Брегалница ќе решаваат во последната рунда и тоа во директен дуел во Штип.
Брегалница има 58 бода и само со победа може да го прескокне Башкими.