• Иван Димовски

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со победа го затворија Арена Купот кој се одигра во Хрватска. „Лавовите“ беа подобри од Арсенал Тиват со 4-3 (3-1) во последниот меч од групата.
Избраниците на Муарем Бајрами покажаа карактер, двапати губеа со по два гола разлика, меѓутоа на крајот направија пресврт и славеа во мечот против црногорскиот ривал. Арсенал Тиват отвори со два погодоци во 13. и 17. минута, меѓутоа само две подоцна Емир Скендери намали на 2-1. Сепак, до паузата Црногорците пак стрелаа и на одмор заминаа со 3-1.
Во продолжението Македонија Ѓорче Петров покажа подобар квалитет. Кристијан Стојкоски стрелаше од белата точка за 3-2 во 63. минута, а две подоцна израмни Скендери со својот втор погодок. По неговите стапки тргна и Стојкоски, бидејќи тој беше реализатор на последниот гол за победа на „лавовите“.
Овој пријателски турнир Македонија Ѓорче Петров го заврши со победа, реми со Колхети (0-0) и пораз од Истра (2-0).