Македонија ЃП донесе тројца нови „лавови“

Екипата на Македонија Ѓорче Петров донесе тројца нови фудбалери пред стартот на главните подготовки за да ја зголемат конкуренцијата во тимот пред продолжението на настапите во ПМФЛ.

Нови фудбалери на тимот од Ѓорче Петров се Бенџамин Демир, Пауло Карваљо и Андре Пеналва. Демир е домашен фудбалер, додека останатите двајца се од Бразил и ќе ги пополнат местата на претходно заминатите „кариоки“.

Македонија ЃП нема да застане само на три засилувања, туку најавено е дека во тимот на Таневски ќе пристигнат уште неколку нови фудбалери.

Клубот од Ѓорче Петров презими како шестопласиран со 21 бод, но ќе игра полуфинале на Купот на Македонија и покажува европски амбиции.