Македонија ЃП: Чекаме документ да видиме како Шкупи е пред нас

Македонија Ѓорче Петров и Шкупи имаа ист број на бодови во шампионатот. „Лавовите“ беа подобри во меѓусебните дуели, но чаирчани се пласираа во квалификациите за Лигата на Европа.

Причината е подобрата гол-разлика, но од Македонија ЃП велат дека ќе почекаат на официјален документ за да се види како е одлучено Шкупи да е на табелата пред нив.

„Ја почитуваме одлуката на ФФМ, ама правилата се јасни. Меѓусебниот дуел одлучува кој е погоре на табелата. Ќе почекаме официјален документ, да видиме како е одлучено Шкупи да е пред нас. Им посакуваме среќа на сите македонски екипи во европските настапи“, велат од Македонија ЃП.

Покрај Шкупи, во квалификациите за Лигата на Европа ќе играат уште Ренова и Шкендија, додека во квалификациите за Лигата на шампионите патува Силекс, на местото на ФК Вардар кој не доби лиценца.