• Иван Димовски
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров славеа во пријателски натпревар против екипата на Борец од Велес со убедливи 5-1 (0-1).
Во паузата од дваесетина дена меѓу двете рунди на второлигашкиот календар скопјани и велешани одиграа тест дуел на стадионот „Ѓорче Петров“.
Борец успеа да поведе на ова гостување со голот на Флорент Османи во 33. минута. До паузата погоди Марио Станковски за 1-1. На стартот на продолжението паднаа три гола за девет минути. Крсте Велкоски донесе пресврт, потоа пак стрела Станковски и по него повторно погоди поранешниот репрезентативец. Точка на победата стави Атанасијески во 75. минута.
Следната седмица Борец ќе го игра својот Куп натпревар против Детонит, додека до следниот викенд „лавовите“ се слободни.