Македонија Ѓорче Петров отпатува на подготовки во Анталија

Екипата на Македонија Ѓорче Петров отпатува на подготвителен период кој ќе го одржи во Анталија, Турција. 

Утрово, ѓорчепетровци одлетаа кон стандардната дестинација за зимски подготовки на македонските тимови, па таму ќе ја брусат формата пред стартот на втората полусезона во ПМФЛ. Избраниците на Жикица Тасевски ќе тренираат и со сигурност ќе одиграат некој пријателски натпревар во Анталија. 

Во Турција македонскиот прволигаш планира да одигра неколку пријателски средби. Планот е до 5 февруари да се одмерат силите со шест противници. На спротивната страна од Македонија ЃП ќе застанат Олександрија, Инхулетс, Монтана, ЦСКА 1948, Минај и Олимпик Доњецк.

Амбициите на Македонија Ѓорче Петров иако на стартот од сезоната не беа највисоки, но оваа екипа беше најсвежо изненадување оваа есен. Тие се наоѓаат на третата позиција од табелата и се единствен тим кој им парира на Шкендија и Шкупи.